Акцент Медиа измина долг пат од своите почетоци во 1995 година. Во моментов, компанијата располага со широка палета на рекламни објекти чија бројка надминува 2.500 рекламни површини. Нејзиниот раст е доказ за долгорочната посветеност кон клиентите и нивните барања. Искуството акумулирано од различните предизвици со кои се соочила компанијата низ нејзиниот развој е преточено во брзината и квалитетот при изведбата на кампањите и развиените силни односи со клиентите. Фактот што денес компанијата е прв избор на секој клиент кога станува збор за надворешното рекламирање е доказ за довербата која ја имаат клиентите во Акцент Медиа за спроведување на своите кампањи и постојаноста во поглед на квалитетот на услугите кои ги нуди компанијата на секој кој ќе ја одбере за соработка, без оглед на големината и буџетот на клиентот.
Акцент Медиа е компанија ориентирана кон клиентите и нивните потреби. Имајќи ја ваквата ориентација како двигател на развојот, компанијата настојува да се придржува кон следниве основни начела во своето работење:
Акцент Медиа е компанија ориентирана кон клиентите и нивните потреби. Имајќи ја ваквата ориентација како двигател на развојот, компанијата настојува да се придржува кон следниве основни начела во своето работење:
Брзина
Брзината со која се спроведуваат кампањите честопати е од критична важност во рекламирањето. Искуството кое го има Акцент Медиа во процесирањето на кампањите е гаранција за тоа дека тие ќе бидат брзо, ефикасно и успешно извршени. Со Акцент Медиа, клиентите се секогаш сигурни дека ќе го добијат она што е договорено во договореното време.
|
Квалитет
Успешноста во испорачувањето на истиот квалитет на услуга во секоја кампања, без оглед на нејзината големина и покриеност, претставува основа да ги задржиме постојните клиенти и да освоиме нови.
|
Естетика
Естетиката е можеби најважниот елемент на секоја реклама. Во таа смисла Акцент Медиа континуирано инвестира во нови иновативни рекламни објекти и на тој начин постојано го подобрува и проширува своето портфолио на рекламни површини. Компанијата настојува да соработува со сите локални субјекти кои се вклучени во дизајнирањето на јавниот простор и на тој начин да биде активен чинител во развивањето на истиот.
|
Акцент Медиа поседува преку 2 500 рекламни површини од сите видови ширум Републиката. Во главниот град нудиме комплетно покритие, од влезовите во Скопје од автопатите, па сé до најпрометните раскрсници во центарот на градот. Во остатокот од Македонија сме апсолутен лидер и нудиме локации како во поголемите, така и во помалите градови. Портфолиото на локации е заокружено со понудатана локации од различни димензии на патиштата во Републиката, каде ги покриваме главните артерии: автопатот Е-75 (Север - Југ), автопатот кон Охрид преку Тетово, Магистралниот пат кон Битола како и Магистралниот пат кон Бугарија. И покрај фактотшто стандардниот билборд со димензии 5,0m х 2,4m е нашиот основен и најзастапен производ, во духот на тоа да им се понуди што поголем и поквалитетен избор на клиентите, Akzent Media во својата понуда вклучува и поголем број на други типови рекламни објекти со димензии кои се поголеми од стандардната. Во Скопје, тоа пред сé се однесува на поголемите мегаборди со димензии 8,0m х 4,0m, 10,0m х 5,0m, 12,0m х 6,0m и 15,0m х 7,5m; како и поголем број на фасади со најразлични димензии. Покрај нив, во главниот град ги нудиме и помалите скрол ситилајти со димензии 1,2m х 1,8m. Понудата во останатите градови од земјата е комплетирана со патоказите кои се поставуваат на канделабри и доаѓаат во три стандардни димензии: 1,3m х 0,4m, 1,3m х 0,8m и 1,3m х 1,3m. Ваквата обемна понуда на локации и рекламни објекти ни овозможува да ги задоволиме потребите на секој клиент.