Општи услови за реализација на кампањи
Порачка на кампања
Нарачателот доставува барање за закуп на рекламни површини во писмена форма (e-mail)
Секое барање треба да содржи: податоци за нарачателот, назив на кампања, период на закуп, број на локации, географска распространетост, и вид на рекламни објекти кои се закупуваат.
Акцент Медиа доставува до Нарачателот понуда во писмен облик која содржи спецификација на микролокации со географска распространетост соодветно на барањето, со зголемен број на локации за 30%-50% заради можност за избор, цени и попусти во согласност со општиот актуелен ценовник за работа.
Нарачателот е должен да се изјасни до истекот на рокот кој е наведен во понудата.
Ако по истекот на наведениот рок Нарачателот не се изјасни, истите локации повеќе не му стојат на располагање за избор и се пуштаат во оптек за понатамошна продажба.
Доколку Нарачателот потврди дека ја прифаќа понудата, тој ја резервира во писмен облик (e-mail) спецификацијата со точно утврдени локации кои ќе ги користи во договорениот период за неговата кампања, а Акцент Медиа повратно му ја потврдува резервацијата со изготвена калкулација.
По извршената резервација на рекламни површини, откажување на резервацијата во рок од 1-15 дена пред почетокот на кампањата не е можно. Во таков случај Акцент Медиа фактурира 100%, додека за откажување во рок од над 15 дена пред почетокот на кампањата се фактурира 50%.
Откажување на веќе започната 4 неделна кампања под претходно договорените услови не е возможно и истата Акцент Медиа ја фактурира 100%, додека за откажување на веќе започната повеќемесечна кампања пред договорениот рок на завршување на кампањата, откажувањето е возможно со претходнo писмено барање најмалку 30 дена пред бараниот датум за прекин на кампањата, и во тој случај Акцент Медиа ја фактурира кампањата целосно до датумот на прекин на истата.
За направената резервација од страна на Нарачателот, и по спецификацијата за утврдените локации, Нарачателот и Акцент Медиа се должни да потпишат взаемен договор за соработка.
Потпишаниот договор за соработка може да го раскине и Нарачателот и Акцент Медиа пред истекот на неговото времетраење, со писмено известување до другата страна. Договорот се смета за раскинат по истекот на наведениот отказен рок во договорот, и се смета за раскинат од денот на доставување на писменото известување.
Доколку е направен договор за годишен закуп или е направен буџетски договор за кој Нарачателот има добиено ексклузивни цени за закуп, а истиот се раскинува предвреме од негова страна, Нарачателот го губи правото за ексклузивна цена за договорениот износ за кампања и е должен за времето на користење на договорот да ја плати редовната цена без дополнителниот попуст, согласно официјалниот ценовник на АКЦЕНТ МЕДИА.
Во случај кога еднострано предвремено раскинување на договорот бара Акцент Медиа, тогаш е должна да му врати на Нарачателот дел од уплатениот износ сразмерно за периодот за кој Нарачателот не бил во можност да го користи рекламниот простор кој е предмет на потпишаниот договор, поради негово предвремено раскинување.
Акцент Медиа нема да поставува постери на своите рекламни површини на кои се опишани негативни и/или провокативни и/или навредливи пораки кон други клиенти, лица или институции. Акцент Медиа го задржува правото да оцени дали пораката на постерот ги има горенаведените карактеристики. Доколку од горенаведените причини резервацијата за кампањата е откажана, Нарачателот е должен да плати 100% од износот за закуп.
Позитивните законски прописи, и истиот ги сноси сите штетни последици од незаконско рекламирање и е должен да ги покрие сите евентуални трошоци и штети кои би настанале од истото.

Цена на закуп, попусти, начин на плаќање
Цената на закуп на една рекламна површина во ценовникот е дадена во ЕУР и се однесува на 4 недели.
Периодот на закуп може да биде подолг или пократок од 4 недели.
Во ценовникот, наведените цени за закуп на билборди се дадени во интервал од – до во зависност од местоположбата на билбордот.
Попустите се определуваат зависно од бројот на рекламни површини, периодот на закуп и географската распространетост на кампањата.
Сите цени во ценовникот се дадени во ЕУР во нето износ, без вклучен Данок на додадена вредност во висина од 18% и истиот дополнително ќе биде прикажан во фактурите од Акцент Медиа и платен од страна на Нарачателот.
Фактурирањето е во денарска противвредност по продажен курс на банки за ЕВРО на денот на фактурирањето.
Плаќањето за секоја договорена работа се врши по издадена фактура на на начин како што е договорено.
За авансна уплата на целиот износ на рекламната кампања 7 дена пред почетокот на кампањата, на клиентот му се одобруваат дополнителни 3% попуст.
Доколку плаќањето на извршените услуги е обезбедено со банкарска гаранција, на клиентот му се одобруваат дополнителни 2,5% попуст.

Достава на идејно решение, печатење, плакатирање и одржување
Доколку принтот на плакатите се врши преку Акцент Медиа, Нарачателот е должен подготовката за принт да ја достави најдоцна 3 дена пред почетокот на кампањата. Акцент Медиа не е одговорна за задоцнувања во доставата или за доставен оштетен или неупотреблив материјал.
Подготовката за принт на постерите треба да биде со следните карактеристики:
50cm х 24cm / 300 dpi / CMYK / во *.PSD, *.EPS или *.TIFF формат (размер 1:10).
Безбедносната маргина за принт во ширина од 10cm лево, десно и долу, 15 см горе, не треба да содржи текстуална или сликовита порака, додека позадината оди до крај. За подетални информации посетете www.akzentmedia.com.mk.
Монтажата на плакатите е вклучена во цената на производство на плакатот, доставени во понудата.
Акцент Медиа е должна плакатирањето да го заврши во рок од 1-3 работни дена од почетокот на кампањата за Скопје, а од 1-5 работни дена за кампањи со национална покриеност.
Акцент Медиа е должна да го одржува рекламниот простор во естетски добра состојба, а истото го врши преку своите високо професионални мобилни екипи кои секојдневно се грижат за состојбата на рекламните тела и плакатите.
Нарачателот е должен да обезбеди 10% резервни плакати од вкупниот број на закупени рекламни површини. Резервните плакати се користат во случај на потреба за замена на оштетен плакат од надворешни влијанија, трети лица и сл.

Фотодокументација
Акцент Медиа во рок од 10-15 дена од почетокот на кампањата доставува до клиентот фото-албум во дигитална форма.