Со енормниот развој на електронските медиуми и интернетот во последните педесетина години, прашањето зошто воопшто да се избере надворешно рекламирање како начин на пренесување на маркетиншките пораки се наметнува само по себе. Одговорот на ова прашање сумирано може да се искаже преку следниве поенти:
Постојан
Поради фактот што се наоѓа на јавни места, надворешното рекламирање неминовно ја испорачува пораката. За разлика од останатите типови на реклама, надворешната реклама не може да се “исклучи“, или да се фрли во кантата за отпадоци. Пораката се испорачува 24 часа во денот, седум дена во неделата без можност истата да престане да се перцепира.
|
Повторлив
Пораките во надворешното рекламирање се базираат на принципот на фреквенција. Со оглед на тоа дека вообичаено истата порака останува на едно место најмалку еден месец, луѓето кои минуваат или се возат на таа релација, секој ден ја примаат истата порака што е од особено значење во рекламирањето.
|
Ефективен
Сите современи истражувања укажуваат дека надворешното рекламирање има најниски трошоци според публиката во споредба со останатите медиуми. Достапноста и обемот на публиката ги претставуваат потребните трошоци за пораката да се пренесе до потенцијалните клиенти. Во надворешното рекламирање тие се обратно пропорционални со месечната циркулација на минувачи покрај секоја локација.
|
Одговорот на прашањето зошто некој клиент помеѓу фирмите кои нудат надворешна реклама би ја одбрал токму Акцент Медиа за соработка лежи во клучните компаративни предности кои ги имаме во однос на конкурентите:
Искуство
Нашето искуство и експертиза во надворешното рекламирање се еден од нашите најголеми адути. Во текот на своето постоење Акцент Медиа се соочила и надминала бројни предизвици и искуството стекнато во тие ситуации е гаранција дека секоја кампања ќе биде успешно изведена.
|
Портфолио
Акцент Медиа поседува преку 2.500 рекламни површини од сите видови ширум Републиката. Во главниот град нудиме комплетно покритие, од влезовите во Скопје од автопатите, па сé до најпрометните раскрсници во центарот на градот. Во остатокот од Македонија сме апсолутен лидер и нудиме локации како во поголемите, така и во помалите градови.
|
Професионализам
Со текот на годините, Акцент Медиа има создадено максимално професионален тим кој секогаш е флексибилен и подготвен да се прилагоди на барањата на клиентите.
|